Фото: Принтскрин
Властите во Грција решија да внесат вонредна забрана на Халкидики за движење низ шумски подрачја за недела, 23 август поради ризик од отпочнување на пожари.
Ограничувањето ќе стапи на сила утре во 8 часот, а ќе трае до 20 часот. Мерката ќе важи за сите на Халкидики, па така ќе биде забранети движење пешки, но и со возило.
За непочитување на одлуката ќе следат и високи казни, односно санкции до 300 евра.
