Фото: Принтскрин
Три членови на едно семејство загинаа во Индија, по караница меѓу 18-годишно момче и неговиот татко за купување на Ајфон.
Момчето се качило на рид откако неговиот татко одбил да му купи телефон, пишува „Индија тудеј“.
Три часа траеле обидите да се убеди момчето да се симне од опасната карпа, но и покрај тоа решил да скокне, а неговиот татко тргнал да го спаси, меѓутоа не успеал.
Неколку моменти подоцна трагедијата станала уште пострашна, кога мајката исто така паднала од карпата.
Видеото кое е со вознемирувачка содржина може да се погледне ТУКА.
