Приватен авион со шест лица се урна на автопат во Тексас, во близина на границата со Мексико, по што избувнал пожар. По несреќата, случајни минувачи веднаш се упатиле кон леталото и со алати го скршиле предното стакло за да им помогнат на луѓето кои останале заробени во кабината.
Во несреќата животот го загубило едно лице, додека неколку други патници биле извлечени од остатоците на авионот и спасени.
Леталото полетало од Лос Кабос во Мексико и се упатило кон Остин, Тексас. Несреќата се случила во моментот кога авионот се обидувал да слета во близина на Ларедо.
Надлежните служби започнале истрага за да ги утврдат причините за падот. Меѓу можните причини се разгледува и технички дефект на авионот.
Веста ја пренесува Thefourthpillar.in
