Фото: Принтскрин
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја објави временската прогноза за денеска во Македонија.
„Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец“, соопшти УХМР

