Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов објави дека двајца пожарникари вчера биле нападнати при интервенција во близина на Прилеп.
Пожарникарите со помало возило пристигнале да гаснат запалена штала со тутун, но тие биле нападнати од сопственикот.
„Сопственикот се приближил до нив и со туркање во пределот на градите ги отстранувал и ги спречувал да продолжат со гаснење. Инцидентот денеска е пријавен во полиција“, кажа Ангелов.
