Драматична е состојбата кај Лознани, битолско, каде што голем пожар се шири и се приближува до куќите.
Поради близината на огнената стихија до населеното место, на терен се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и пожарникари, кои со крајни напори се борат со пламените јазици и се обидуваат да го стават пожарот под контрола.
Силниот пожар зафаќа голема површина, а ситуацијата дополнително ја отежнуваат условите на теренот и можноста огнот да продолжи да се шири.
