На интернет повторно се шири необична приказна за 26-годишен јапонски милионер по име Јасу, кој наводно потрошил неверојатни 2,3 милиони долари за да го промени својот изглед и начинот на однесување, со цел да личи на куче.
Според тврдењата кои станаа вирални на социјалните мрежи, Јасу не сакал промената да биде само визуелна. Наводно, тој почнал да го прилагодува и своето секојдневие на однесување кое потсетува на кучешко, што предизвика огромно внимание и бројни реакции кај корисниците на интернет.
Приказната ги подели мислењата. Додека едни сметаат дека станува збор за необична лична желба и екстремна форма на самоизразување, други се прашуваат што би можело да натера човек да вложи толку огромна сума во ваква радикална промена.
Дел од информациите што кружат на социјалните мрежи не се независно потврдени, па затоа тврдењата за потрошените 2,3 милиони долари, како и деталите за неговиот начин на живот, треба да се земат со доза на претпазливост.
Веста ја преенсува Safe_city_tv.
