Фото: Принтскрин
Видео кое е снимено на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде што возач на електричен тротинет се движи сред коловозот, меѓу автомобилите предизвика бурни реакции.
На видеото објавено од „Камај.нет“ се гледа како тротинетот се движи по булеварот и во повеќе моменти им го попречува движењето на возилата. Дополнително, возачот продолжува да се движи и покрај црвеното светло на семафорот.
Ваквото однесување претставува сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот, особено на една од фреквентните сообраќајници во главниот град.
Видеото може да го погледнете на „Камај.нет“ (ТУКА).
