Вознемирувачка снимка од тешката сообраќајна несреќа што се случи во украинскиот град Луцк се прошири на социјалните мрежи. Во трагичниот настан животот го загуби 14-годишно момче.
Според надлежните, автомобилот „Ауди“ го управувал 19-годишник кој и претходно бил казнуван поради возење без возачка дозвола. По несреќата, судот му изрече мерка притвор во траење од 60 дена, без право на ослободување со кауција.
Одбраната на осомничениот навела дека тој официјално стекнал возачка дозвола на почетокот на јули оваа година. Исто така, било посочено дека автомобилот го купил со средства заработени од сезонска работа во Полска.
На судското рочиште, младиот возач упатил извинување и побарал прошка од семејството на 14-годишното момче кое трагично го загуби животот.
Веста ја пренесува Front.mkd
