Вчера на Водно биле забележани траги од мечка, на делницата што води од Милениумскиот крст кон старите воени бункери – една од попосетените шумски патеки за рекреативци и планинари. Патеката е добро позната меѓу љубителите на природата, каде до бункерите се стигнува со околу 30 до 40 минути пешачење.
Информацијата предизвика внимание и загриженост кај посетителите на Водно, особено затоа што станува збор за дел што често го користат семејства, велосипедисти и рекреативци.
Доколку се движите во тој предел, бидете внимателни, избегнувајте да се оддалечувате сами по споредни патеки и почитувајте ги препораките на надлежните институции доколку бидат објавени дополнителни информации.




