Она што требало да биде обично дружење со пријатели се претворило во вистинска животна драма за Јулија. Неколку дена по консумирањето суши, таа почувствувала силни стомачни тегоби, мислејќи дека станува збор за обична инфекција. Но, состојбата брзо се влошила.
Поради сериозните компликации, Јулија била итно хоспитализирана и во болница останала 23 дена. Во текот на 16 од тие денови лекарите не ѝ дозволиле ниту да јаде, ниту да пие, додека се бореле да ја стабилизираат нејзината здравствена состојба.
По бројни испитувања, анализи и медицински процедури, лекарскиот тим донел одлука дека е неопходна итна операција. Таа била свесна дека интервенцијата носи огромен ризик и дека постои можност да не се разбуди по анестезијата.
„Последниот месец беше најтешката битка во мојот живот. Сè започна по јадење суши, кога добив салмонела и тифус, а потоа следуваа низа сериозни компликации. Поминав низ безброј прегледи, тестови и процедури, сè до операција за која лекарите ми објаснија дека е исклучително ризична“, раскажала Јулија.
Таа истакнала дека токму верата ѝ дала сила да ја издржи најтешката животна борба.
„Се молев и Му се препуштив на Божјата волја. Денес сум благодарна што сум жива, што можам да ја споделам мојата приказна и да започнам ново поглавје во животот“, порачала Јулија.
Веста ја пренесува Канал 5 телевизија.
