Фото: Принтскрин
Кире Михаилов со статус на социјалните мрежи алармира за пожар кој избувнал во близина на селото Габрово, при што упати остри критики за односот на дел од граѓаните кои, како што наведува, не застанале да помогнат.
„СРАМОТ Е ГОЛЕМ И МОРАМ ДА ГО СПОДЕЛАМ![]()
Пожарот кој случајно при обиколка на теренот го затекнавме на самиот асфалт на влезот во село Габрово и пожарот на неколку километри од овој пожар на влезот на село Банско, благодарение на експресно брзата реакција на пожарникарите од ТППЕ Струмица и нашите служби целосно се изгаснати експресно.
Додека бев сам со колегата и гасневме со гранчиња и со нозе буквално до самиот асфалт, поминаа преку 50-тина возила и никој освен едно младо момче не застана да праша дали треба да помогне било како.
Ај што не застанаа, кога дојде возилото на ТППЕ Струмица кое мораше цревото да го помине преку асфалтот, сите нервозни што треба да чекаат, а двајца возачи ни поминаа дури и преку цревото.
Луѓе, не знам дали е нормално ова што го гледам?
Јас искрено не знам колку вреди ова што некои луѓе го правиме?
Па ако не се појавевме случајно ние таму, за 10 тина минути пожарот ако влезеше во камењарникот надоле каде што човек не може да оди, камоли да гасне, ќе го молевме Бога за дожд.
За нечовечноста толку, немам што повеќе да напишам, повеќе од доволно е кажано во овие две три реченици.
Патем, мислам дека овие два пожари на самиот асфалт не се случајни на само неколку километри еден од друг, а се појавија со неколку минути разлика.
Заеднички со сите служби покрај планините, полињата, депониите, дефинитивно треба да чуваме и се останато.
Апелирам на внимание, алармирајте ВЕДНАШ ако приметите било каква појава на 112 и секој кој ќе се најде во близина на ваков настан бре луѓе, застанете, прашајте дали треба нешто, помогнете, па ова кое го браниме не е мое, тоа е наша, заедничка татковина, наша и на нашите идни поколенија“
