Млада девојка доживеала страшна несреќа за време на банџи-скок, кога при падот се здобила со тешка повреда на вратот. Драматичните снимки од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции.
Според достапните информации, несреќата се случила за време на скокот, а по ударот девојката веднаш добила медицинска помош. Околностите под кои дошло до повредата сè уште се предмет на анализа.
Видеото, кое многумина го опишуваат како вознемирувачко, повторно ја отвори дебатата за безбедносните стандарди при изведување на екстремни спортови и авантуристички активности.
Веста ја пренесува Rikosetemisija.
