Силното невреме што го зафати регионот му нанесе огромна материјална штета на Боки 13. Само еден ден откако остана без покривот на својата луксузна вила, новиот бран на невреме уништи и дел од неговиот скап автомобил.
Шоуменот, пејач и водител Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, преку социјалните мрежи ги сподели драматичните сцени од невремето. Силните налети на ветер, кои на поединечни места надминувале 100 километри на час, предизвикале сериозни оштетувања во населбата каде што живее.
Во првата објава, Боки 13 покажа како силниот ветер го откорнува покривот од неговата вила, во која неодамна се преселил. На видеото се гледа како покривната конструкција се крева и исчезнува под ударите на невремето.
„Ми го однесе покривот од куќата. Леле, сè ми зема“, напиша тој покрај објавената снимка.
Но, тука проблемите не завршиле. Веќе следниот ден, новото невреме предизвикало уште поголема материјална штета. Дел од покривната конструкција паднал врз неговиот луксузен автомобил, при што биле оштетени возилото и предното ветробранско стакло.
Додека ја снимал штетата, Боки 13 не ја криел разочараноста.
„Автомобилот ми е целосно уништен… Погледнете што се случи“, изјави тој во видеото што го сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Објавите за кратко време привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, а бројни следбеници му испратија пораки со поддршка и надеж дека штетата ќе биде што поскоро санирана.
Веста ја пренесува Blic.rs
Видеото може да го погледнете тука!


