За време на реконструкцијата на улицата Кондина во Ужице, Србија, се случил сериозен инцидент кога патен валјак изгубил контрола и се спуштил по надолнина при што за малку не го повредил работникот, пред да удри во заштитна ограда.
Според првичните информации, се претпоставувало дека причината е дефект на сопирачките, но дополнителните сознанија укажуваат дека валјакот немал соодветна шара на металниот дел што доаѓа во контакт со асфалтот. Поради намаленото триење, машината забрзала на надолнината, создавајќи таканаречен „ефект на санки“, при што металната површина се лизга и не може ефикасно да запре.
Работникот кој управувал со машината поминал со полесни повреди, со што е избегната многу посериозна несреќа.
По инцидентот, градежните активности биле привремено прекинати, а надлежните наредиле итна техничка проверка на целата механизација што се користи на градилиштето.
Веста ја пренесува Predajnik_beograd.
