Познатата пејачка Едита Арадиновиќ ги израдува своите следбеници со првите фотографии по раѓањето на нејзината ќерка Зоја.
Откако стана мајка, пејачката се огласи од породилиштето и сподели дел од најсреќните моменти со своето новороденче. Таа им се заблагодари на сите кои ѝ испратиле честитки и убави желби.
На најновата објава, Едита за првпат го покажа и таткото на нејзината ќерка. На фотографијата таа ја држи малата Зоја во раце, додека покрај нив е гордиот татко со букет цвеќе.
„Мама, тато и Зоја ви се заблагодаруваат“, напиша пејачката кратко покрај емотивната фотографија.
Таа откри дека поради големиот број пораки не може лично да им одговори на сите, но сакала јавно да им се заблагодари на сите за љубовта и честитките.
„Би сакала на сите да ви одговорам, но тоа е невозможно. Затоа вака од срце ви благодарам за прекрасните честитки“, порача Едита, споделувајќи моменти од првите денови со својата ќерка.
Веста ја пренесува Blic.rs

