Фото: ЗИМ / CSM
Голем успех за македонските ученици на Европската олимпијада по вештачка интелигенција (ЕОВИ 2026), која се одржа во Клуж-Напока, Романија.
Нашите претставници се враќаат со три бронзени медали и уште една потврда дека Македонија има исклучително талентирани млади умови во областа на технологијата.
Бронзените одличја ги освоија Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, ученик во гимназијата „Мирче Ацев“, Андреј Ангелов од Македонска Каменица, ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, како и Тодор Пљаков од Велес, ученик во гимназијата „Кочо Рацин“.
