Фото: Принтскрин
Семејство од Молдавија загина во тешка сообраќајка на 15 јули на Халкидики во Грција кога директно се судриле со цистерна, а според грчките медиуми, докторите се подготвуваат да го разбудат девојчето кое преживеа.
На местото на несреќата загинаа мајка и бебе, додека таткото почина во болница откако бил донесен со тешки повреди. Второто дете на семејството преживеа, но со денови се наоѓа в тешка состоба.
Според првичните информации, девојката има повеќе скршеници и е вистинско чудо како е жива. Приклучена е на механичка вентилација и докторите се надеваат дека можат да ѝ го спасат животот.
