Хаската со прекрасни сини очи, која беше удрена од автомобил во Охрид и остана без потребната помош, доби нова шанса благодарение на хумано момче кое не остана рамнодушно.
Со свое возило ја однесе до ветеринарна клиника во Битола, каде што во моментов се вршат прегледи и се подготвува за операција. Според првичните проценки, трошоците за лекувањето се очекува да изнесуваат од 20.000 до 30.000 денари, а точниот износ ќе биде познат по завршувањето на постапката.
Се повикуваат сите граѓани што се во можност да помогнат со донација за покривање на ветеринарните трошоци. Секој придонес е значаен за ова животно да добие можност за опоравување и живот без болка.
Донации може да се направат директно кај доктор Владе во Битола, со назнака: „Хаска од Охрид“.
Сметка за донации:
Сузана Сулејман
НЛБ банка
210-5015703130-67
Секое споделување може да помогне информацијата да стигне до луѓе што можат да помогнат.






