Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Пронајден сад со лик на божица: Сензационални археолошки откритија стари 2.400 години во Македонија

Gladiator 21/07/2026

Фото: Muzej Kumanovo

Археолозите од НУ Музеј Куманово годинава открија нови значајни наоди на локалитетот Градиште кај Младо Нагоричане, кои дополнително ја потврдуваат важноста на оваа античка населба од 4 и 3 век пред нашата ера.

Меѓу највредните откритија се питос со претстава што се поврзува со божицата Деметра, остатоци од простор за ритуални обреди и симпозиуми, како и уникатни делови од луксузно украсен кревет, кои според археолозите сведочат за високото ниво на развој и силните врски на населбата со македонското кралство.

„Би сакале да ве информираме археолошкото одделение од НУ Музеј Куманово ги заврши археолошките истражувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. Истражувањата беа реализирани под раководство на Дејан Ѓеорѓиевски, кустос советник – археолог и раководител на проектот . Ископувањата беа концентрирани на секторот Долна тераса, каде што, пред неколку години, пронајдовме конструкции oд 4 век пр.н.е., всечени во карпа како и камени конструкции во вид на тумули, под кои пронајдовме големо количество вотивни садови, мали јами и ритуален сад за вода до нив. Тоа сугерираше дека на тој простор се вршени ритуални дејствија, и поради тоа оваа година ископувањата беа продолжени таму.

Непосредно источно до откриениот тумул, откривме ѕидови од градба во која имаше повеќе фрагменти од питоси и други стоваришни садови. Но ритуалниот карактер на просторот ни го потврди наодот на питос кој на своето устие има декорација од отпечатоци од прстен, на кој има претстава на женско божество – Деметра(?), која држи рог на изобилие во едната рака, а со другата прави либација (течна жртва) со кантарос врз триножник. Јужно од овој простор, откривме дел од ограден ѕид, кој го одделувал просторот за обреди од остатокот од населбата. Меѓутоа, непосредно до ѕидот, пронајдовме остатоци од помала просторија, која укажува на активности поврзани со симпозиуми или ритуални јадења. Имено, покрај големото количество на наоди од животински коски – диви свињи, кози и слично, имаше и големо количество на трпезна керамика од 4-3 в.пр.н.е. Голем дел од неа беше импортирана – west slope гутус, west slope кантароси, мали црнофирнизирани ехинуси украсени со oтпечатоци од палмети, но и фрагменти од амфори, хидрии, кантароси, како и црнофирнизирана лампа и остатоци од керамички фигурини. Особено значајно е што пронајдовме подлога – лежиште, која веројатно била користена за поставување на маса, и уникатни остатоци од декорација од кревет – делови од профилирана ногарка и аплика со претстава на божество. Божеството држи фијала во раце (ритуален сад за либација) и лежи на клине (кревет) – веројатно е дел од поголема, симпозиумска поворка од божества.

Иако наодите се луксузни и уникатни, градбата е прилично скромна. Имено, просторот од источната страна е заграден со два големи триаголни камења, зад кои е поставен ѕид кој ја оградува просторијата од исток, додека од север таа улога ја има оградниот ѕид. Поради сето тоа, веруваме дека и оваа просторија е поврзана со ритуалите кои се вршени во теменосот – можеби за ритуални јадења, слично на светилиштето на Деметра и Персефона на Коринт. Во секој случај, големиот број на импортирана керамика, како и остатоците од луксузно украсениот кревет за кој нема многу паралели (слични декорации се наоѓани во богатите гробови од периодот на 4-3 в.пр.н.е. во Пела, како и во кралските гробови од Ајга/Вергина), повторно го потврдуваат високиот степен на развиток на оваа населба. Ѕидовите украсени со боен малтер во градбата со перистилен двор истражена претходните години, остатоците од импортираните амфори и украсените керамички садови, зборуваат за развиена трговија и целосна вклученост во цивилизациските текови од македонското кралство од 4-3 в.пр.н.е. Следните истражувања ќе бидат фокусирани на доистражување на градбите кои ги откривме оваа година и евентуалното постоење на храм во овој дел на локалитетот. Ископувањата се дел од Годишната програма за работа на НУ Музеј Куманово, финансирани од Министерството за култура и туризам“, соопштија од Музеј Куманово.

Tags: музеј куманово

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Тежок удар за Украина: Русите погодија еден од најважните објекти               
Next: (ФОТО+ВИДЕО) Апокалиптични сцени во Скопје: Големо невреме го погоди главниот град

Најново

  • (ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!
  • (ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!
  • (ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!
  • (ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!
  • Секое споделување може да помогне: Хаската тешко повредена по удар од автомобил сега има потреба од наша помош!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!

21/07/2026
(ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!

(ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!

21/07/2026
(ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!

(ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!

21/07/2026
(ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!

(ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!

21/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!
  • (ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!
  • (ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!
  • (ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!
  • Секое споделување може да помогне: Хаската тешко повредена по удар од автомобил сега има потреба од наша помош!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.