Фото: Д-р Нико Беќаровски
Познатиот доктор Нико Беќаровски испрати голема критика преку социјалните мрежи откако во Гостивар завршија голем број лица во болница поради водата од градскиот водовод.
Претходните денови беше објавено дека биле приклучена пумпа директно во системот да вбризгува вода од реката Вардар.
„Ние “метузалемите” од бившиот систем имавме предмет ОНО и ОСЗ (општонародна одбрана и општествена самозаштита). Во тој предмет меѓудругото учевме дека јавните водоводи и извори се општествено богатство и преставуваат висок одбранбен ризик за тероризам и диверзии. Сите беа под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив најстрого се казнуваше како обид за диверзија и масовен геноцид. Сега со водоводите управуваат “неки нови клинци” кои кога ќе направат невидена глупост, не знаат дури ни да кажат “сори бат се стори” Веќе ни “ладна чешмовача” не е тоа што беше“, пишува д-р Беќаровски.

