Еден миг беше доволен животот на Верица целосно да се промени. На 24 мај таа доживеа тешка несреќа, при што се здоби со сериозни изгореници од втор и трет степен на речиси половина од своето тело.
По итната медицинска интервенција, на 26 мај беше транспортирана на лекување во Софија, Бугарија, каде што и понатаму ја води својата најважна битка – битката за закрепнување.
Иако зад себе има многу тешки денови, пред неа се уште бројни операции, долготрајна рехабилитација и специјализирани медицински третмани. Според лекарските проценки, лекувањето ќе трае најмалку уште една година, а ќе бидат неопходни и специјално изработени компресивни облеки, како и постојана медицинска грижа.
Секоја донација, без оглед на износот, претставува директна поддршка во нејзината борба и помош на патот кон оздравувањето.
Доколку не сте во можност финансиски да помогнете, ве молиме споделете ја оваа објава. Со едно споделување можете да стигнете до некој што ќе може да направи голема разлика.
Од срце ви благодариме за секој гест на хуманост, поддршка и солидарност. Заедно можеме да ѝ помогнеме на Верица да ја добие шансата за нов почеток и подобра иднина, Се вели во апелот.
Донации: Банка: Халк Банка
Депонент: Марјан Миленковски
Трансакциска сметка: 270700027967377
Девизна сметка:
IBAN: MK07270700051848195
SWIFT/BIC: EXPCMK22

