Сообраќајна несреќа предизвика сериозен метеж на автопатот Скопје–Тетово, во близина на наплатната рампа на излезот од Скопје. Поради инцидентот, вечерва се создадоа долги колони од возила, а сообраќајот се одвива значително забавено.
Според првичните информации, околностите под кои се случила несреќата сè уште не се познати, а надлежните засега не соопштуваат детали за настанот. Возачите кои се движат низ оваа делница се соочуваат со подолги задржувања.
На видеоснимка може да се забележи возило на Итната медицинска помош кое се пробива низ густата колона за да стигне до местото на несреќата.
Од надлежните се апелира до сите учесници во сообраќајот да возат со намалена брзина, да ја следат сообраќајната сигнализација и упатствата на службите на терен, како и да покажат трпение додека не се нормализира движењето на оваа делница.
Веста ја пренесува Слободен печат.
