Безбедносна камера на раскрсница во Мерсисајд снимила драматичен судир во кој 35-годишната Стејси Рајт, самохрана мајка од Велика Британија, поминала на црвено светло и со својот мерцедес со голема брзина удрила во полициско возило.
Од силниот удар, полицискиот автомобил се запалил, при што пламенот го зафатил предниот дел од возилото. Полицаецот кој управувал со службениот автомобил се здобил со повреди, а според судските информации, по несреќата претрпел и психолошки последици.
Рајт, која работи како фризерка и живее во населбата Рок Фери во Мерсисајд, беше осудена на осум месеци затвор. Сепак, судот одлучи казната да не се изврши веднаш, туку да биде условна со рок од 12 месеци, во кој таа не смее да стори ново кривично дело.
Веста ја пренесува Hypetv.hr
