Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Сиљановска-Давкова со традиционална галичка пафта ги даруваше младенците на „Галичка свадба“!

Gladiator 12/07/2026

Галичник и годинава беше домаќин на една од најпознатите македонски културни манифестации – „Галичка свадба“, на која присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Настанот повторно се одржа под нејзино покровителство, собирајќи бројни посетители и љубители на македонските традиции.

При своето пристигнување, претседателката беше пречекана според старите галички обичаи – со домашна нафора и сол, а добредојде ѝ посакаа најмладите жители на Галичник. Таа ги следеше обредите што со генерации се зачувуваат во мијачкиот крај и претставуваат важен дел од македонското нематеријално културно наследство.

По црковниот чин на венчавање во храмот „Свети Петар и Павле“, Сиљановска-Давкова им се придружи на младенците и гостите во традиционалното свадбарско оро, со што ја збогати атмосферата на свеченоста.

Како спомен на овој посебен ден, претседателката им врачи традиционална галичка пафта на младенците Мартина Михајлова и Александар Пендароски. Станува збор за препознатлив украс од галичката носија, кој се смета за симбол на плодноста, семејната среќа и богатата македонска свадбена традиција.

Во своето обраќање, таа им упати искрени желби за долг и среќен заеднички живот, исполнет со љубов, доверба и заемна почит, посакувајќи нивниот дом да биде место на разбирање, благосостојба и радост.

Свеченостите започнаа уште на 10 јули со традиционалното кревање на свадбарското знаме и обичајот на испукување три пушки од домот на зетот, со што симболично беше означен почетокот на свадбените денови.

„Галичка свадба“ и оваа година ја потврди својата репутација како една од најзначајните културни манифестации во Македонија, привлекувајќи голем број домашни и странски посетители кои сакаат одблизу да ги доживеат автентичните македонски свадбени обичаи.

Веста ја пренесува Kurir.mk

Tags: Галичник Давкова

Continue Reading

Previous: Политички пресврт во Украина: Премиерката Свириденко се повлече, Зеленски најави голема реконструкција!
Next: (ВИДЕО) Ужас на популарна туристичка дестинација: Падна авион и целосно изгоре

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

26/10/2026
Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

26/10/2026
(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

26/10/2026
(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

26/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.