Фото: Принтскрин
Премиерот на Албанија, Еди Рама кажа дека неговата земја нема да ѝ стави вето на Македонија дури и ако стане членка на Европската унија (ЕУ).
Рама кажа дека секогаш бил против употреба на вето во процес на проширување на ЕУ.
„Албанија има целосен интерес односите меѓу двата народа во Македонија, а тоа се Албанците и Македонците, да бидат братски и да има соживот. Ние го сакаме најдоброто за Македонија“,кажа Рама.
