Фото: Принтскрин
Шокантна снимка денеска се прошири од 14-годишно момче кое било избодено со нож и претепано во Ченто.
Мајката на повреденото момче, Џ. С. во разговор со „Телма“ кажа дека не е задоволна од тоа како надлежните органи го третираат случајот, односно треба да го третираат како „обид за убиство“, а не како „насилство“.
„Не се чувствува безбедно моето дете по инцидентот, а ниту пак јас. Денеска е мое дете, утре може да биде некое друго. Овој случај не треба да се води како насилство, туку како обид за убиство“, вели таа за „Телма“.
Повеќе погледнете на „Телма“ (ТУКА).
