Силните врнежи повторно го поплавија подвозникот што води кон Радишани, проблем кој со години им создава тешкотии на возачите и жителите од овој дел на градот.
Според снимките што ги објавуваат граѓаните на социјалните мрежи, нивото на водата е значително зголемено, а преминувањето низ подвозникот е отежнато и потенцијално опасно. И покрај долгогодишниот проблем, секој поинтензивен дожд повторно ја става на тест проодноста на оваа сообраќајна точка.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
