Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Голема загуба за македонската култура: Почина еден од најзначајните театарски режисери!

Gladiator 29/06/2026

Почина истакнатиот македонски режисер Сашо Миленковски, на 63-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја соопштија од Драмскиот театар во Скопје, каде што со години беше дел од ансамблот како драматург.

Миленковски уште како студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје ја започна својата професионална кариера. Првите значајни ангажмани ги имаше во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица, каде што од 1988 до 1991 година работеше на претстави кои оставија белег во современиот театар и ја зацврстија регионалната и меѓународната културна соработка.

Во текот на повеќедецениската кариера потпиша повеќе од 50 театарски режии во Македонија, земјите од регионот и низ Европа. Неговото творештво опфаќаше широк спектар на дела – од класиците Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, до современи драмски автори, со особен фокус на промоцијата на македонската драматургија.

Меѓу неговите најпознати остварувања е праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и беше дел од програмите на „Охридско лето“ и „Млад отворен театар“. Со оваа, како и со режијата на „Буре барут“ во Македонскиот народен театар, Миленковски даде силен придонес во афирмацијата на Дуковски како еден од најпознатите македонски драмски автори на меѓународната сцена.

Во неговата богата режисерска биографија се вбројуваат и претставите „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски, „Лични огласи“ од Братислав Димитров, како и „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски. Покрај режиите на туѓи дела, Миленковски создаде и авторски сценски проекти како „Коледе“, „Game Over“ и „Ова не е американски филм“.

Неговиот придонес во македонската култура се огледа и преку основањето на независниот театар „Бабилон“ во 1999 година. Од 2006 до 2010 година беше директор на Македонскиот народен театар, а потоа ја продолжи својата работа како драматург во Драмскиот театар – Скопје.

Како признание за својот долгогодишен придонес кон македонскиот театар, годинава ја доби Наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Сашо Миленковски беше сопруг на актерката Билјана Беличанец, која почина во 2019 година, и татко на режисерката Хана Миленковска.

Со неговото заминување, македонската театарска сцена загуби автор кој остави длабока трага преку своите претстави, визија и посветеност на уметноста.

Веста ја пренесува Infomax.mk

Tags: Миленковски режисер театар

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Тешка сообраќајка кај влезот на скопскиот аеродром – возилото е распарчено, има повредени лица
Next: (ФОТО) ДАВИД ГРУЕВСКИ ПОБЕДИ ВО „HYPE ZVEZDE“!

Најново

  • (ВИДЕО) Победникот Давид Груевски во финалето на „Hype Zvezde“ ја запеа „Македонско девојче“ и ги воодушеви сите!
  • Нови детали од убиството во Македонија: Ја задавил, па лажел дека ја сонува како бара од него да ја пронајде
  • (ФОТО) ДАВИД ГРУЕВСКИ ПОБЕДИ ВО „HYPE ZVEZDE“!
  • (ФОТО) Голема загуба за македонската култура: Почина еден од најзначајните театарски режисери!
  • (ФОТО) Тешка сообраќајка кај влезот на скопскиот аеродром – возилото е распарчено, има повредени лица

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Победникот Давид Груевски во финалето на „Hype Zvezde“ ја запеа „Македонско девојче“ и ги воодушеви сите!

(ВИДЕО) Победникот Давид Груевски во финалето на „Hype Zvezde“ ја запеа „Македонско девојче“ и ги воодушеви сите!

29/06/2026
Нови детали од убиството во Македонија: Ја задавил, па лажел дека ја сонува како бара од него да ја пронајде

Нови детали од убиството во Македонија: Ја задавил, па лажел дека ја сонува како бара од него да ја пронајде

29/06/2026
(ФОТО) ДАВИД ГРУЕВСКИ ПОБЕДИ ВО „HYPE ZVEZDE“!

(ФОТО) ДАВИД ГРУЕВСКИ ПОБЕДИ ВО „HYPE ZVEZDE“!

29/06/2026
(ФОТО) Голема загуба за македонската култура: Почина еден од најзначајните театарски режисери!

(ФОТО) Голема загуба за македонската култура: Почина еден од најзначајните театарски режисери!

29/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Победникот Давид Груевски во финалето на „Hype Zvezde“ ја запеа „Македонско девојче“ и ги воодушеви сите!
  • Нови детали од убиството во Македонија: Ја задавил, па лажел дека ја сонува како бара од него да ја пронајде
  • (ФОТО) ДАВИД ГРУЕВСКИ ПОБЕДИ ВО „HYPE ZVEZDE“!
  • (ФОТО) Голема загуба за македонската култура: Почина еден од најзначајните театарски режисери!
  • (ФОТО) Тешка сообраќајка кај влезот на скопскиот аеродром – возилото е распарчено, има повредени лица

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.