Фото: Аџибадем Систина
Болницата „Аџибадем Систина“ денеска соопшти тажна вест дека починал познатиот македонски доктор Драган Христов.
„Со голема тага ве известуваме дека почина пим. д-р Драган Христов, специјалист по ортопедска хирургија.
Д-р Христов беше дел од ортопедскиот тим уште од самиот почеток на болницата „Аџибадем Систина“ во 2010 година. Со неговата стручност, знаење и професионалност ги создаде темелите и го започна развојот на ортопедската хирургија во нашата болница, давајќи несебична поддршка на тимот. Особено сме горди што имавме можност да соработуваме и да учиме од овој голем човек.
Изразуваме длабока почит и искрено сочувство од целиот менаџерски тим на КБ ,,Аџибадем Систина’’ и сите вработени“, објавија од „Систина“.
