Во индискиот град Ахмедабад на западниот дел од земјата, постои ресторан кој привлекува внимание со својата необична и малку морбидна атмосфера. Она што го прави посебен е фактот дека во неговиот простор се наоѓаат стари гробови, околу кои се поставени маси за гостите.
Кога сопственикот на земјиштето го купил просторот уште во 1950 година, одлучил да не ги отстрани 26-те постоечки гробови. Наместо тоа, ги заштитил со метална ограда и го организирал просторот така што гостите можат да јадат буквално веднаш до нив.
Секојдневно персоналот се грижи за хигиената на местото, ги чисти гробовите и редовно остава свежо цвеќе како знак на почит.
Веста ја пренесува Bbcnewsnasrpskom.
