Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески блесна на меѓународниот турнир Г1 Сараево Опен, каде што стигна до златниот медал во категоријата кадетки до 51 килограм.
По слободното прво коло, Тунески го започна својот победнички поход со триумф од 2-0 против турската натпреварувачка Зејнеп Доргу. Во четвртфиналето беше убедлива и против Арина Ткачева од Русија, која исто така ја совлада со 2-0.
Македонската претставничка продолжи со одлични настапи и во полуфиналето, каде што беше подобра од Далиа Сивиќ од Босна и Херцеговина. Во борбата за златото, Тунески ја потврди својата доминација и со резултат 2-0 ја совлада Русинката Ксенија Гушева, освојувајќи го највисокото место на победничкиот пиедестал.
Со четири последователни победи, младата македонска таеквондистка уште еднаш го потврди својот голем потенцијал на меѓународната сцена.
Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
