Министерството за внатрешни работи соопшти детали за сообраќајната несреќа што се случила вчера на регионалниот пат меѓу Куманово и Свети Николе, во која две жени се здобиле со тешки телесни повреди, а уште осум лица се повредени полесно.
Според информациите, повредени се Л.П. (53) и М.М. (33), двете од Свети Николе, кои биле потешко повредени во несреќата. Останатите осум патници се здобиле со полесни повреди и по укажаната помош се згрижени во Клиничката болница во Штип.
Од МВР информираат дека несреќата се случила на 19.06.2026 година околу 20:55 часот, кога било пријавено дека на регионалниот пат во реонот на Овче Поле дошло до судир помеѓу патничко комбе „Фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (55) од Свети Николе, и паркирано товарно возило „МАН“ со локални регистарски таблички.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, а причините за несреќата дополнително се утврдуваат.
Веста ја пренесува Faktor.mk
