Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Белорусија дека им помага на руските напади со дронови врз Украина.
Зеленски го предупреди Минска дека има една недела да го отстрани комуникацискот центар кој помага во нападите од белоруска територија. Во спротивно, Украина ќе преземе мерки.
„Кога Лукашенко вели дека не сака да учествува во војната, треба да биде искрен, барем кон својот народ. Не е само тој кој би можел да биде вовлечен во војна, туку цела негова земја“, кажа Зеленски.
