По пријава од граѓанин до медиуми, кој испратил фотографии и видео за две поголеми оштетувања на пешачката патека на кејот на Вардар, во близина на мостот што води кон болницата „Систина“, надлежните служби реагираа и започнаа со интервенција.
Денеска екипи на ЈП „Улици и патишта“ излегоа на терен и веќе работат на поправање на оштетените делови од патеката. Целта на санацијата е да се обезбеди безбедно движење за пешаците и за сите кои ја користат оваа зона за рекреација.
Со тековните активности се очекува проблематичните делови целосно да бидат санирани, со што патеката повторно ќе биде безбедна и уредна за користење.
Веста и фотографиите ги пренесува Skopje1.mk


