Фото: Принтскрин
Министерот за здравство, Азир Алиу гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ каде што зборуваше за закон кој се подготвува и ќе даде можност човечкото тело по смртта да биде донирано за едукативни и научни цели.
Според законот, кој треба да биде доставен во Собрание, секој граѓанин додека е жив може да каже дали сака да биде донор на органи преку својот матичен лекар.
„Кај нас листите за чекање за органи се долги. Многу е подобро, додека сме живи, сами да одлучиме за нашето тело и органи. Јас ветив дека кога системот ќе биде подготвен и ќе помине законот, ќе бидам првиот кој ќе го пополни формуларот за донорство“, кажа министерот.
