На 44-годишен жител на Скопје му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, поради сомнение дека запалил две службени дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје.
Од Јавното обвинителство информираат дека на 15 јуни осомничениот наводно ги полеал возилата со бензин и потоа ги запалил, по што веднаш се оддалечил од местото на настанот.
Поради сериозноста на делото и потенцијалниот ризик во прометна градска зона, обвинителот побарал мерка притвор, која потоа била прифатена од надлежниот суд.
Со оваа одлука, на осомничениот му е одреден осумдневен притвор.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
