Фото: Принтскрин
Турската актерка Еџе Иртем, која е позната по улогата на Ишил во популарната серија „Шербет од брусница“, која се емитува на „Сител“, почина на 35-годишна возраст.
Турските медиуми пишуваат дека била пронајдена без свест во нејзиниот дом, а потоа докторите ја потврдиле нејзината смрт.
Според првичните информации, причината за смртта е срцев удар.
