Фото: Принтскрин
Голем пожар утрово избувнал во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград, а голем број пожарникари се на терен и се борат со огнот.
Тие се обидуваат да го спречат пожарот да се прошири и на другите објекти откако истиот зафатил околу 70 локали.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 45 пожарникари со 14 возила, а командантот на Противпожарната бригада потврди дека двајца пожарникари се здобиле со повреди.
