Четиринаесетгодишната Екрин Дениз Караџа од турскиот град Адана доживеа несреќа што можела да заврши трагично, но исходот ги изненади и лекарите и семејството. Девојчето паднало од 12. кат на станбена зграда додека ги надгледувало своите помали браќа и сестри.
Според информациите на турските медиуми, таа се навалила од прозорецот за да ги види децата кои си играле во дворот. Во еден момент ја изгубила рамнотежата и паднала од голема височина, најпрво на покривна конструкција, а потоа и на бетонска подлога.
– Слушнавме силен удар. Кога излеговме надвор, ја видовме како лежи на земја – раскажал нејзиниот татко.
Безбедносните камери го снимиле моментот на падот, а случаен минувач веднаш повикал итна помош. По првичната интервенција, девојчето било пренесено во болница, каде што лекарите утврдиле дека има скршеница и пукнатина на ногата.
И покрај страшната несреќа, нејзиниот живот не е во опасност, а семејството со олеснување соопшти дека закрепнува успешно.
– Благодарение на брзата реакција на соседите и медицинските екипи, сè заврши многу подобро отколку што можеше да биде – изјавил таткото.
Несреќата предизвика големо внимание во Турција, а многумина случајот го нарекоа вистинско чудо.
Веста ја пренесува Plusinfo.mk.
