Фото: Татјана Алексиќ
Професорката Татјана Алексиќ од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ објави статус на социјалните мрежи во кој опиша што се случува на крајот на учебната година.
„На 10 јуни да не сте ни во кожа!
Повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки.
И кога ќе ги наштелуваме, оркестарот пак свири фалш. Ни нема спас, сѐ додека тераме амбициозна уписна политика, зависна од оценките.
Приемен на факултет, за да ни олесни на сите!
Среќен распуст на учениците, да ни се живи и здрави“, напиша таа.
