Фото: МВР
Системот „Сејф Сити“ до крајот на годината ќе почне да казнува и за погрешно паркирање и непрописно вртење на места каде што не е дозволено.
„Мислам дека треба да одиме чекор по чекор. Треба да бидеме сигурни дека тоа што го имплементираме е функционално и дава резултати“, кажа министерот Панче Тошковски.
„Сејф Сити“ во моментов казнува повеќе прекршоци како минување на црвено светло, брзо возење и нерегистрирани возила.
