Снимка што се прошири на социјалните мрежи разнежни илјадници луѓе, откако прикажа хуман гест на возач кој спасил мало ждребе заробено во метална ограда покрај патот.
Според видеото, младото животно се обидело да ја прескокне оградата, но не успеало целосно да помине и останало заглавено. Возачот веднаш запрел, внимателно му пришол и успеал безбедно да го ослободи ждребето.
Корисниците на социјалните мрежи го пофалија неговиот потег, нарекувајќи го пример за човечност и грижа кон животните.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
