Реперот Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, повторно го привлече вниманието на јавноста со изјава што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Се случи откако Јелена Карлеуша спомна дека гласот на една пејачка го потсетува на македонската ѕвезда Калиопи, нагласувајќи дека тие имаат слична боја на глас и некаков сличен шарм.
Меѓутоа, Десингерица изгледаше целосно збунет и со изненаден тон праша:
– Што е Калиопи?
Карлеуша потоа објасни дека станува збор за позната македонска пејачка, но тоа не го намали неговото изненадување.
– Звучи како нешто што би направил кога одиш на море и ставиш некој прстен… Кој е тоа? Турска ѕвезда? – се пошегува Десингерица, предизвикувајќи смеа во студиото.
Веста ја пренесува Nova.rs_portal.
