Во раните утрински часови во срцето на Белград се случи трагичен настан, кога 26-годишен маж е осомничен за убиство на 92-годишен старец во куќа зад старата зграда на БИП.
Според српските медиуми, инцидентот бил пријавен кај полицијата околу 7 часот наутро. На местото на настанот, полицајците пронашле тело на постар маж, додека осомничениот веднаш бил приведен.
Жртвата, која во моментот на нападот лежела во кревет и имала нарушено здравје, наводно била нападната со секира во пределот на главата.
Согласно информациите од медиумите во Србија, убиениот бил очув на таткото на осомничениот.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
