Фото: Принтскрин
Во Дортмунд се одвива драма со српски државјанин, кој направил хаос во еден ресторан и пукал кон полицаец, по што се затворил во една куќа и држи деца како заложници.
„Билд“ пишува дека Србинот прво направил хаос во ресторанот, откако ги прскал гостите со солзавец, а удрил неколкумина и со палка. Потоа земал автомобил и тргнал кон куќа каде што пристигнала полицијата. Сепак, Србинот почнал да пука кон полицаец и го погодил, меѓутоа тој преживеал затоа што носел панцир.
На лице место се полициски сили и специјалци кои се обидуваат да го убедат Србинот да се предаде.
