Фото: Принтскрин
Откако првиот обид за затворање на дивиот премин на Бит Пазар не успеа, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе разговара со граѓани на лице место.
„Ќе разговарам со граѓаните. Имаше забелешка од возрасна госпоѓа како со полни кеси да се качи на надвозникот. Народот секогаш е во право. Ќе го видам пулсот на граѓаните“, вели Ѓорѓиевски во емисијата „Само Интервју“.
Возачите на автомобили се жалат од преминот поради тоа што постојано поминуваат граѓани, но пешаците сметаат дека преминот не треба да се затвори затоа што долго време бил тука.
