Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за инцидентот со дрон кој падна на територија на Романија, при што ја критикуваше Европската унија (ЕУ).
Путин вели дека ЕУ автоматски го вперува прстот кон Русија по секој инцидент.
„Првата реакција на ЕУ на било кој дрон е да го прогласат за руски, а потоа се покажува дека не е така.
Претседателот на Русија за инцидентот кажа дека Москва е подготвена да ги истражи околностите за падот на леталата ако ги добие потребните информации.
