Фото: Македонска Џиу - Џица Федерација
Македонката Катерина Ацевска од денеска е најдобро рангирана натпреварувачка во џиу-џицу во целиот свет во категоријата сениори над 70 килограми.
Ацевска остави зад себе дури 70 борци од 30 различни држави, а веста ја сподели Џиу-џицу федерацијата на Македонија.
„Овој резултат доаѓа после 15 годишна напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу поминати тренинг кампови, многу повреди, преживеани судиски неправди, непреспиени ноќи, финансиски кризи. Една цела младост… Овој резултат доаѓа после многу поминати турнири, после многу освоени медали. Учества и освојување на медали на Светски првенства, учества и освојување на медали на Европски првенства, ГрандПри турнири, Балкански првенства… Незастануваме тука, ќе се обидеме што подолго да го задржиме првото место. Ова за нас ќе биде голем мотив но и обврска уште појако да го одиме овој пат наречен џиу џица. Тоа е нашата мисија, тоа е нашиот живот“, соопштија од федерацијата.
