Фото: Принтскрин
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за време на панел-дискусијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици во Европа“ кажа дека Македонија мора да остане на европскиот пат.
Филипче кажа дека Македонија не смее да дозволи српско и руско влијание да ја оттурнат од патот кон Европската унија (ЕУ).
„Жалам што слушам за некакви алтернативи, тоа е недозволиво во Македонија. Од што се плашиме? Каква членка ќе бидеме? Не може да не го спомнеме унгарското и српското влијание врз нашата власт“, кажа Филипче.
